Видови сложени реченици

а) Независносложени: составни, спротивни, разделни, исклучни и заклучни.
б) Зависносложени: временски, причински, последични, целни, условни, допусни, начински, односни и исказни.

Речениците се препознаваат според тоа кој сврзник го содржат.
1) Составни – и, ни, ниту, па, та, не само што – туку и
-Речениците со сврзниците и, ни, ниту, не само што (не) – туку/ама/но и не се одделуваат со запирка.
-Речениците во кои со “и” се воведува заклучок наспрема претходната реченица има запирка.
Пр: За нас се сите, и ние ќе победиме.

2) Спротивни – а, но, ама, туку, ами, меѓутоа
-Пред сите овие сврзници се пишува запирка.

3) Разделни – или, или-или, било-било, ем-ем, ја-ја, ни-ни, ниту-ниту, и-и
-Дел речениците во овие реченици не се изделуваат со запирка.

4) Исклучни – само, само што, освен што, единствено
-Пред сите овие сврзници се пишува запирка.

5) Заклучни – значи, веројатно, сигурно (модални зборови)
-Дел речениците се одделуваат со запирка.